Просечната нето плата во Македонија изнесува 46.889 денари

Во декември 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 46.889 денари, а просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2025 година изнесува 70.520 денари, објави Државниот завод за статистика.

Во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.6 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13.4 %, Земјоделство, шумарство и рибарство за 10.9 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли и Образование 9.7 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 12.8 %, Рударство и вадење на камен за 9.0 % и Градежништво за 7.0 %.

Во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 7.5 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13.6 %, Земјоделство, шумарство и рибарство за 10.9 % и Образование 9.7 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 13.0 %, Рударство и вадење камен за 8.8 % и Градежништво за 7.2 %.

Back to top button
Close