БУНДА ОД ХЕРМЕЛИН

Па госпоѓо, штом е здравје во прашање, купи си ја таа бунда, нек’ иде живот.

Си била една госпоѓа која секој ден одејќи на работа поминувала покрај излогот на еден бутик во кој била изложена прекрасна бунда. Помини, замини, госпоѓава ја загледувала бундата и еден ден решила да влезе да ја проба. Прекрасна бунда, ѝ стои како да е шиена за неа. Ама скапа. И си рекла, прескапа е бундава, многу други работи ми требаат, ај да не трошам пари. Арно ама, другиот ден пак ја гледа бундата во излог. Пак влегла да ја проба. Ај што е бунда, ај што е прескапа, ама од хермелин е, кралски наметки се прават од крзното. Затоа е скапа. Се враќа дома, око не може да склопи, бундата од ум не ѝ излегува. Третиот ден, исто. А што е за право, преубаво ѝ стои. Нема мирен сон госпоѓава, ќе се разболи од секирации. И на крај си рекла: „Па госпоѓо, штом е здравје во прашање, нема сега да се умира, купи си ја таа бунда, нек’ иде живот“.

Е па, премиере Мицкоски, штом е здравје во прашање, купете го веќе тој авион. А не тука да ни наметнувате колективна вина „ќе се урнеле, ќе починеле“. Народ ве изгласа, одамна не сте опозиција, преземете си веќе еднаш одговорност за некоја одлука. Власта има апсолутно мнозинство и во државата и во општините, опозицијата е целосно дезориентирана и никој не се потресува што има таа да каже, а лидерот Христијан Мицкоски одбива да преземе одговорност за било што и постојано бара некој друг да му е виновен.

Малку ни се траумите што еден претседател ни загина во авионска несреќа, па сега уште и премиерот мора да ни раскажува катастрофични приказни. Притоа, сосема е беспредметен муабетот дали авиончето било старо 20 години. Водухопловците велат, нема стар авион ако редовно се лета и редовно се одржува. Ама, ако стручните анализи покажуваат дека на државата ѝ треба нов службен авион, тогаш нека ја стават таа ставка во Буџетот и нека го завршат муабетот. Белким, знаат дека и новиот авион ќе генерира трошоци оти и тој ќе мора редовно да се одржува.

Сите имаат мислење дали треба да се купи нов државен авион, па така и претседателката Гордана Сиљановска -Давкова се вклучи во јавната расправа како врховна командантка на Армијата сосе военото воздухопловство. Додуша, мислењето сега ѝ е различно од 2019 кога прашуваше: Чуму ни е нов авион?, критикувајќи ја тогашната Влада на Зоран Заев дека „проблемите се на земјата, а не на небото“. Ама тогаш не се среќавала со претседателите од регионот кои за владиниот „лирџет“ од 2004 велеле „авиончето на браќата Рајт“.

Ние мислевме дека кога претседателката се среќава со колегите од регионот таму разгледуваат креативни идеи како да го надминат бугарското вето за да почнеме преговори со ЕУ.  А тие, наместо со креативна дипломатија, да ти си ги мереле кој има поголемо авионче. И нашето испаднало најмало

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК МК

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close