Избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал

– Душко и Даница Тимови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал кој се одржа во Хотелот “Сириус“ во Струмица.

Тие се дел од маската „Диско забава – кралеви на подиумот“ и вечер (18 часот) заедно со кралот и кралската свита ќе го предводат големото дефиле на Струмичкиот карневал.

На вечерашното карневалско дефиле се очекува да учествуваат 39 групи во различни категории со учесници од земјава и странство. Маските ќе ги оценува жири комисија, која во различни категории ќе додели награди на најуспешните. По завршувањето на дефилето забавата продолжува со настап на Кирил Џајковски и локални изведувачи.

Карневалот продолжува утре, на Прочка, кога се одржува традиционалниот детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски. 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close