„ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА Е ОБИЧНА ЛАЖЛИВКА“: Најчевска со критика откако Сиљановска го избриша стариот пост во кој ја критикува СДСМ

 

Професорката и активистка, Мирјана Најчевска со остра критика кон претседателката на Македонија, Гордана Давкова – Сиљановска, на темата авион…

По изјавата на претседателката дека авионот на нашата Влада е најмал и најстар, Најчевска објави пост во кој пренесе стара објава од претседателката, во време кога беше само професорка и кога СДСМ сакаше да купи авион.

Во споменатата објава сегашната претседателка остро ги критикува плановите за набавка на нов авион за потребите на Владата, но сега откако е дел од власта, таа има поразличен став.

Сепак, постот кој некогаш го објавила Давкова – Сиљановска е избришан, што беше причина за уште поостра критика од Најчевска.

– Кога имаш претседателка на државата која лиже таму каде што посрала,.

Ахахахаха, Гордана Сиљановска го избришала постот во кој ја критикува СДСМ која од позиција на власт сакала да купи авион за владата. Не само што ја критикува туку и гарантира дека таа ако биде избрана за претседател на државата ќе се бори против ваков вид расфрлање на парите на граѓаните.

“Во план е набавка на нов и поголем авион за потребите на Владата и претседателот на Републиката. Во време кога здравствениот систем доживува колапс, службите на итната медицинска помош едвај функционираат со стари и нефункционални возила (чекајќи ја приватизацијата на секторот), државните функционери мислат само на својата удобност и безбедност, а тоа го оправдуваат со наводно зголемени потреби за патувања заради интеграцијата во НАТО и ЕУ. Ваквите потези сведочат за бескрупулозноста и себичноста на владејачката каста, која не работи за својот народ и не мисли на неговите секојдневни потреби.
Македонија, една од најсиромашните земји во Европа, сака да има ВИП авион кој ќе чини 20 милиони евра (плус одржување, пилоти, редовни тренинзи, и сл.) – и со тоа се легитимира како олигархија, во која управувачите ја злоупотребуваат моќта и државниот буџет за сопствени потреби.“

Претседателката е обична лажливка.
Кој лаже тој и карде и треба да заврши во затвор,

Ама вие сте нашле глупи овци да ги стрижете и гајле си немате.

А ова истото важи и за тоа кретените од СДСМ кои кога се на власт го прават апсолутно истото кое потоа го критикуваат како опозиција – пишува Најчевска, повикувајќи се на дел од објавата на претседателката која е избришана.

пишува Најчевска, повикувајќи се на дел од објавата на претседателката која е избришана.

facebook

Back to top button
Close