Кузеска: СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција. До денес нема официјална одлука на Европската комисија, Европскиот совет или Европскиот парламент која предвидува прием на земја како полноправна членка без гласачки права. Доколку стане и официјална позиција на ЕУ дури тогаш може да се разгледува, изјави денеска на новинарско прашање на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, која МИА ја пренесува интегрално.

– СДСМ е за целосна интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, вклучително и полноправно членство со сите права, меѓу кои и правото на глас.

За жал, гледаме дека ВМРО-ОКГ и Мицкоски не сакаат во Европа.

Тие водат антиевропска кампања, претставувајќи ја ЕУ како „булинг“ кон Македонија, наместо да признаат дека критиките од ЕУ се резултат на неисполнети обврски и реформи неопходни за членство. Намерно создаваат проблеми со соседите ги блокираат уставните измени и со тоа ја држат државата во стагнација.

Не ја сакаат ЕУ затоа што тогаш би морале да престанат со нетранспарентни тендери, партиски вработувања и контрола врз буџетот – а тоа не им одговара.

СДСМ е за Европа, за нас нема друга алтернатива, ниту БРИКС ниту изолацијата не се опција.

Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ.

Еве фотографија од тој настан.

Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево.

Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?

На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана.

Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму.

Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ.

Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат.

Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него.

Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје.

Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела.

Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат.

Сега прашањето е како покрај толку угледни визнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул?

Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него?

Овој скандал отвора сериозен сомнеж.

Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори:

Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала  Адамовиќ за почесен конзул на Македонија?

Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

Back to top button
Close