ЗОИ 2026: Швеѓанката Андерсон го освои златото во крос кантри на 50 километри

Швеѓанката Еба Андерсон победи во денешната трка во крос кантри на 50 километри класичен стил на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано и Кортина д’Ампецо.
За Андерсон ова е прва олимписка титула во кариерата во која на ЗОИ 2026 претходно освои три сребрени медали, како и сребро на Игрите во Пјонгчанг 2018 и бронза од Пекинг 2022.
Второто место ѝ припадна на Хајди Венг од Норвешка, додека бронзата ја освои Надја Келин од Швајцарија.






