ЗОИ 2026: Швеѓанките олимписки шампионки во карлинг

Шведска ја победи попладнево Швајцарија со 6-5 во женското финале во карлинг на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано и Кортина.
Шведска, која ја предводи Ана Хаселборг, со овој триумф стана првата женска карлинг репрезентација со три олимписки медали. „Екипата Хаселберг“, како што ја нарекуваат шведската репрезентација освои злато на Игрите во Пјонгчанг во 2018 година, а потоа и бронза во Пекинг 2022 година.
Ова е шестиот златен олимписки медал на Шведска во карлинг и вкупно 13-ти во двете конкуренции, со што таа е веднаш зад Канада, која има седум златни медали и вкупно 14 олимписки одличја.
Бронзениот медал го освои женската репрезентација на Канада, која вчера триумфираше над САД со 10-7.
Во машка конкуренција, Канада го освои златниот медал, победувајќи ја Велика Британија во финалето, додека Швајцарија го освои бронзениот медал.






