(Видео) Снимка од центарот: Автомобил во спротивен правец кај Цветен пазар

Screenshot

Видео објавено на социјалната мрежа „Х“ (од @narodencoek) прикажува автомобил „Рено“ со скопски регистарски ознаки како се движи во спротивна насока во централното градско подрачје, кај зградата на Нова Македонија.

На снимката се гледа дека возилото влегува во лента наменета за спротивен правец, а потоа застанува во истата лента во близина на Цветен пазар почитувајќи го семафорот кој беше со црвено светло.

Објавата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, при што дел од корисниците предупредуваат на сериозен ризик по безбедноста во сообраќајот. Со оглед на однесувањето на возилото, се претпоставува дека станува збор за несвесна грешка, односно дека возачот не забележал дека се движи по лента наменета за спротивен правец.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close