Популарни цени на влезниците за натпреварот на македонските кошаркари против Луксембург

Македонската кошаркарска федерација ја информира јавноста дека пуштени се во продажба билетите за натпреварот против Луксембург. Ова е натпревар од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година. Сите заинтересирани љубители на кошарката ќе можат да си обезбедат влезен билет преку продажната мрежа на „МКТикетс“.

Натпреварот ќе се игра во реновираната сала во „Градски парк“ и цената на влезница за централната трибина изнесува 200 денари, а на трибините зад кошевите цената е 150 денари.

Македонските кошаркари се подготвуваат во „Градски парк“, а дуелот против Луксембург се игра в петок со почеток во 18 часот.

Back to top button
Close