Атлетико Мадрид избори осминафинале во Лигата на шампионите

Екипата на Атлетико Мадрид успеа да се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен го совлада Клуб Бриж со 4:1 и со вкупно 7:4 го елиминираше противникот. Јунак на дуелот беше Норвежанецот Александер Сорлот кој постигна хет-трик.

На полувреме беше 1:1 и ниту една екипа немаше предност откако првиот дуел заврши 3:3. Првиот гол во 23.минута го постигна Сорлот што беше водство од 1:0 за Атлетико, а на 1:1 изедначи Жоел Ордонез во 36.минута.

На стартот од вториот дел Атлетико поведе со 2:1 преку Џони Кардосо во 48.минута, а во до крајот на натпреварот Сорлот постигна уште два гола во 67.минута и 87.минута.

Вечерва се играат уште три натпревари: Баер Леверкузен – Олимпијакос (2:0 прв натпревар); Њукасл – Карабах (6:1) и Интер – Бодо/Глимт (1:3).

Другите четири натпревари од 1/16 финалето се играат утре – среда

Back to top button
Close