Одредени четвртфиналните двојки во футсал Купот на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија денеска со жрепка ги одредени двојките за четвртфиналето во футсал Купот на Македонија.
Бранителот на трофејот КФМ Форца ќе му гостува на КМФ Клими, додека финалистот од претходното издание КМФ Осогово е домаќин на КМФ Проект.
Во останатите две средби се среќаваат КФМ Бутел – КМФ Кеги Моби и КМФ Балкан – КМФ Јувентус Серава.
Натпреварите се играат на 10 и 11 март.

Back to top button
Close