Медведев и Оже – Алијасим полуфиналисти во Дубаи

Русинот Данил Медведев се пласираше во полуфиналето на тенискиот турнир во Дубаи, откако попладнево го совлада Американецот Џенсон Бруксби (АТП-49), во два сета, со 6:2, 6:1.

Медведев (АТП-11) до победата дојде по 57 минути игра.

Противник на Медведев во полуфиналето ќе биде осмиот тенисер во светот, Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.

Во својот четвртфинален дуел, Оже-Алијасим го победи 24-тиот на АТП листата чешкиот тенисер Јиржи Лехечка со 6:3, 7:6.

Back to top button
Close