Гвардиола бара од Холанд да ги прекине контактите со Реал

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола побарал од својот напаѓач Ерлинг Халанд да престане да разговара со претставниците на Реал Мадрид околу негов евентуален трансфер во Кралскиот клуб, јавија денеска шпанските медиуми.

Според истите извори, Гвардиола и раководството на англискиот клуб се загрижени дека постојаните шпекулации околѕ наводен трансфер на Халанд во Реал би можеле негативно да влијаат врз норвешкиот напаѓач во клучниот дел од сезоната.

Како што објави „Ел Национал“, ситуацијата достигнала критична точка и Гвардиола чувствува потреба да ја заштити соблекувалната од надворешно одвлекување на вниманието во период кога битката за титулата во Премиер лигата влегува во последната фаза.

Реал е заинтересиран за услугите на Халанд веќе долго време, а претседателот на клубот, Флорентино Перез, наводно е подготвен да истражи секоја можност да го доведе напаѓачот во Мадрид ова лето, особено ако норвешкиот репрезентативец изрази желба за трансфер.

Back to top button
Close