Полнети печурки со зеленчук

Еве уште еден од многуте рецепти за полнети печурки, единственото нешто што можеби го прави овој различен од другите е тоа што е целосно лесен и наменет за вегетаријанци… но и за оние кои не се…

Состојки:

500 грама свежи печурки

1 морков

1 тиквичка

парче целер

1 црвена пиперка

1 домат

1 лажица маслиново масло

1 лажица ајвар

сув зеленчук, бибер

1 лажица соја сос

0,5 дл бело вино

сецкан магдонос и лук

 

Подготовка:

Свежи, средни бели печурки, измијте ги и исушете ги со крпа, потоа исечете ги и издлабете ги. Ситно исецкајте ги морковите, пиперката, доматот, целерот и тиквичката, и варете ги на пареа неколку минути. Ставете го зеленчукот во сад, додадете зачини, една лажица масло и ајвар, па измешајте се. Во огноотпорен сад ставете малку маслиново масло и бело вино, наредете ги печурките и попрскајте ги со малку соја сос. Наполнете ги обилно и додадете ситно сецкан магдонос и лук, печете на 200C десет минути

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close