Можеби ќе ве интересира
Close
-
Почина новинарот Рамуш Муарем Цирко
04.05.2026 21:01

Претходно, Турското Министерство за одбрана објави дека системот за ракетна одбрана на НАТО пресретнал балистичка ракета лансирана од Иран. Ракетата била пресретната пред да влезе во турскиот воздушен простор.
„Балистичка ракета испукана од Иран, која беше откриена како се упатува кон турскиот воздушен простор откако помина низ ирачкиот и сирискиот воздушен простор, беше неутрализирана навремено од воздушната и ракетната одбрана на НАТО распоредена во источниот Медитеран“,објави Министерство, пренесе „Хуриет“.
Според дипломатски извори, амбасадорот на Иран е повикан во турското Министерство за надворешни работи во Анкара за да турската влада официјално го изрази својот протест.
„НАТО цврсто стои со сите сојузници, вклучително и Турција, додека Иран продолжува со своите неселективни напади низ регионот“,рече таа.
Турција, исто така, најави дека ќе разговара со НАТО и другите сојузници по инцидентот.
Иран, откако беше нападнат од Израел и САД, започна напади врз неколку земји што ги смета за сојузници на Израел и САД во регионот.
Израел и неколку земји од Персискиот Залив беа цел на нападите: ОАЕ, Кувајт, Катар, Саудиска Арабија и Оман, Ирак и Јордан. Исто така, имаше напади врз британска воена база на Кипар. Иранска ракета падна и врз Сирија. Не е јасно дали ова било намерно или случајно.