КРИВИЧНИОТ СУД ГИ ОСЛОБОДИ ЛАТАС И ЛАЗАРОВ ЗА ПОДКАСТОТ ВО КОЈ СЕ ИСМЕВАШЕ СИЛУВАЊЕ

КРИВИЧНИОТ СУД ГИ ОСЛОБОДИ ЛАТАС И ЛАЗАРОВ ЗА ПОДКАСТОТ ВО КОЈ СЕ ИСМЕВАШЕ СИЛУВАЊЕГраѓанските организации за заштита на човековите права остро го осудија интервјуто емитувано на 14 февруари 2023 на јутјуб-каналот на Лазаров како поттикнување на кривичното дело Родово базирано насилство и ги повикаа компаниите што се рекламираат во подкастот на Лазаров да ги повлечат рекламите поради содржините во кои се одобрува и се повикува на насилство. (Фото: Принтскрин од видео на Јутјуб)

​Кривичниот суд Скопје минатата недела ги ослободи обвинетите Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров, во чиј поткаст гостинот раскажуваше за злоставување и силување девојка. Притоа, Павловиќ-Латас и Стефан Лазаров се смееја на насилството. ​Спорниот подкаст беше снимен, односно емитуван на 14 февруари 2023 година. Првично, двајцата добија осудителна пресуда во Кривичниот суд Скопје, но по поднесените жалби, судии од кривичниот оддел на Апелациониот суд Скопје ја укинаа пресудата и ја вратија на повторно судење.

​Од Судот за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека во повтореното судење, судијката Дијана Груевска-Илиевска донела ослободителна пресуда. Двајцата се ослободени согласно член 403, став 1, точка 1 од Законот за кривична постапка. Според наведениот член, делото за кое се обвинети не е кривично дело.

Обвинителот Даниел Коцев ќе поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје.

Повеќе на сдк.мк

Back to top button
Close