Околу 800 наши граѓани се заглавени на Блискиот Исток – авионските билети достигнуваат и до 20.000 евра


 

 

Фото: Монтажа / МНР

Претседателот на Туристичко-угостителската комора на Македонија, Аркан Керим, вели дека се разгледувале алтернативни можности за враќање преку Саудиска Арабија, но и тоа е сложено бидејќи македонските граѓани мора да обезбедат виза, која не се добива лесно.

Керим, вели дека во моментов на Блискиот Исток се наоѓаат околу 700 до 800 македонски државјани кои сакаат да се вратат дома, но тоа е исклучително тешко поради ограничениот авионски сообраќај и високите цени на летовите, објавифактор.мк

„Најголемиот проблем е што аеродромот во Дубаи, еден од најголемите светски авионски хабови, престана да функционира. Со тоа практично се прекинаа важни воздушни врски меѓу Австралија, Азија и Европа. Тоа значи дека е нарушен голем дел од глобалниот авиосообраќај. Македонија е директно погодена бидејќи имаме 700-800 луѓе во регионот кои сакаат да се вратат. Во моментов тоа е технички многу тешко, а цените на авионските билети од Дубаи достигнуваат и до 20.000 евра за едно место“, изјави Керим.

Тој додава дека се разгледувале алтернативни можности за враќање преку Саудиска Арабија, но и тоа е сложено бидејќи македонските граѓани мора да обезбедат виза, која не се добива лесно.

Back to top button
Close