УЈП повторно не исплати поврат на ДДВ на сите скенирачи на сметки

Управата за јавни приходи повторно не им исплати поврат на ДДВ на сите граѓани кои скенирале фискални сметки. Исплатата за последното тромесечје од минатата година требаше да се реализира до крајот на февруари.

Но, како и за претходното тромесечје, дел од граѓаните повратот го добија дури во март, додека други сè уште не ја добиле исплатата.

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, во ноември минатата година, кога исто така имаше доцнење со исплатите, изјави дека нема никакви пречки и дека граѓаните редовно се исплаќаат

Back to top button
Close