Арбелоа: Нема подобар начин да се прослави годишнината на најдобриот клуб во светот од победа како оваа над Селта

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, го коментираше триумфот од 2:1 над Селта остварен синоќа во 27. коло од Шпанското фудбалско првенство.

-Победата силно ја посакувавме и тоа беше нашата цел. Нема подобар начин да се прослави 124-годишната историја на најдобриот клуб во светот од овој. Во натпревар во кој се соочивме со многу тешкотии и бевме без стандардни играчи, мислам дека вреди да се напомене како сè се одвиваше и како моите фудбалери се бореа на теренот. Сè уште има долг пат. Во оваа фаза, се чувствува како сезоната дури и да не започнала. Во моментов има толку многу работи на коцка, а секој натпревар е битка. Нашиот настап беше навистина импресивен, со оглед на тоа колку е силна Селта Виго и колку играчи се надвор од игра поради повреди, изјави Арбелоа за „АС“.

Реал Мадрид има 63 бода и е втор на табелата во Ла Лига, еден бод зад Барселона. Селта Виго е шеста со 40 бода.

Back to top button
Close