Состанок на Г7 за ситуацијата на Блискиот Исток

Состанок на групата Г7, организиран од Франција, ќе биде одржан утре за „проценка на ситуацијата во Персискиот Залив“, соопшти француското Министерство за економија и финансии.
– Овој состанок е специјално организиран како одговор на настаните од последните денови и ќе биде можност за проценка на ситуацијата во Заливот од економска перспектива, се додава во соопштението.
Со состанокот што ќе се одвива преку видеоконференциска врска ќе претседава францускиот министер за економија и финансии Роланд Лескир, кој ќе биде во Брисел на состанок на Еврогрупата. Ќе учествуваат министрите за економија и финансии и претставници на централните банки на земјите од Г7 – САД, Јапонија, Канада, Обединетото Кралство, Франција, Германија и Италија.






