Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување марихуана по констатирани законски пропусти

На денешната прес-конференција, на новинарско прашање дали владата денеска расправала за одземање на лиценците на фирми кои одгледуваат марихуана и колку од нив се под контрола, портпаролката Марија Митева одговори дека се одземени уште шест лиценци, по утврдени законски пропусти констатирани од надлежната комисија.

Да, имаше денеска шест точки од Министерството за здравство и шест лиценци денеска владата ги одзема. Ве молам за подетални детали околу кои се фирмите да се обратите до Министерството за здравство, каде што и практично е онаа комисија. Од она што можав да го видам од информацијата којашто помина на владата, станува збор за законски пропусти при извршена проверка од страна на комисијата, којашто е надлежна да ги провери сите услови коишто треба да ги поседуваат“, изјави Митева.

Back to top button
Close