Мексико без голманот Малагон на СП2026


Мексико, кој заедно со САД и Канада ова лето ќе бидат домаќини на Светското фудбалско првенство, ќе настапи на завршниот турнир без својот прв голман Луис Анхел Малагон (29), кој ја скина Ахиловата тетива на левата нога.

„Се чувствувам повредено, тажно и душата ми е на парчиња. Се обидувам да најдам смисла во сето ова и се прашувам: „Зошто?“. Постојат моменти во животот кои се тешки за разбирање, особено доколку секогаш сте правеле сè како што треба и сте дејствувале со добра намера. Со тешко срце, им се заблагодарувам на сите за убавите зборови и молитви“, објави Малагон.

Тој се повреди за време на натпреварот на својот клуб Америка против Филаделфија Јунион без контакт со противнички играч.

Минатата година, Малагон беше стандарден во триумфот на Мексико на Голд Купот и беше прогласен за најдобар голман на првенството.

По повредата на Малагон, кандидати за мексиканската „единица“ се Раул „Тала“ Рангел, Карлос Асеведо и ветеранот, 40-годишниот Гилермо Очоа.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close