Мбапе би можел да биде подготвен за реваншот во Манчестер


Процесот на рехабилитација на напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, добро напредува и францускиот фудбалер би можел да биде вклучен во составот за реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони против Манчестер Сити на 17 март, јавија денеска шпанските медиуми.

Францускиот репрезентативец го пропушти првиот натпревар во кој Реал вчера победи со 3-0 поради повреда на коленото.

Мбапе би можел да игра и на пријателските натпревари на француската репрезентација во март, објави новинарот Фабрис Хокинс на својата страница на социјалните мрежи Икс.

Напаѓачот наскоро ќе биде подложен на тестови во Мадрид за да се потврди неговата состојба и да добие дозвола за евентуален настап на претстојните натпревари.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close