Пожар во Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци, гореше метан – избегната поголема катастрофа
Пожар на инсталација од системот за пренос на метан во Пречистителната станица за отпадни води во селото Мојанци се случил околу 20:30 ч. при што се запалиле цевки од системот.
Според информаци од терен, избегната била поголема катастрофа бидејки било спречено проширување на пожарот на инсталација – балон каде се собирал метанот.

На терен веднаш е интервенирано од Територијалната противпожарна единица со четири возила и осум пожарникари и поддршка на пожарникари-доброволци од Доброволното противпожарно друштво Кочани.

Причинета е само материјална штета.
Според доброупатени извори, евентуалното проширување на пожарот во балонот кадешто се собира метанот можел да предизвика експолозија од поголеми размери (glasno.mk)






