Културата на сеќавањето и некултурата на заборавот

Колумна на Ѕвездан Георгиевски

Со висок степен на стомачни киселини и мачнина во желудникот се обидував да ги проследам медиумските извештаи од таканаречената Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани, организирана по повод првата годишнина од најголемата македонска колективна траума од независноста до денес (а системот, богами, ни овозможил да преживееме дузина, што колективни, што индивидуални трауми).

Не знам кој го осмислил овој собир, ама лошо го осмислил. Дури и самото именување на Конференцијата ми е проблематично, па дури и цинично. Акцентот, имено, е ставен на она „по пожарот во Кочани.“ Не знам кому воопшто му значат овие „тапани после свадба“? На жртвите?

Не се рекло бадијала дека после фудбалскиот натпревар сите тренери се паметни. Требаше, значи, драги браќа од власта да ги апсолвирате овие „институционални и клинички аспекти и решенија“ пред пожарот во Кочани, а не отпосле. Вака тие немаат никаква вредност ниту за жртвите, во чија чест наводно ја правите Конференцијата, ниту за нивните семејства или нивните најблиски.

Цинизмот на власта

А, да бидам искрен, немаат ни за мене. Не затоа што се небитни (напротив), туку затоа што доброто функционирање на системот се подразбира, лошото не. Не гледам зошто би се удирале таламбаси и би се свиреле фанфари затоа што некој се сетил дека системот треба да функционира и по тој повод.

Кога споменувам „фанфари и таламбаси“, најмногу мислам на фактот дека целиот овој собир, заедно со неговата медиумска покриеност, не беше ништо друго, туку своевиден маркетинг, можност власта да се пофали самата себе колку добро „одговорила на предизвиците“ и колку „ефикасни биле институциите.“

Дури, во предвечерието на оваа конференциска фарса, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека неговата влада повеќекратно подобро се справила со трагедијата во Кочани од Швајцарија по пожарот во Кран Монтана. Каква утеха! Треба ли да ми биде полесно од оваа констатација и зошто не?

Целата колумна на  Ѕвездан Георгиевски прочитајте ја на Призма мк

Back to top button
Close