Гвардиола го откажа тренингот пред дуелот со Реал Мадрид

Екипата на Манчестер Сити се наоѓа пред невозможна мисија во Лигата на шампионите да го надополни недостатокот од првиот дуел со Реал Мадрид (0:3). Дополнителен проблем за менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола е нерешениот дуел од Премиер лигата со Вест Хем.

Гвардиола реши да го откаже тренингот предвиден за вечерва и на тој начин да им даде одмор на играчите. На тој начин сака да даде шанса да бидат со семејствата и пријателите и на тој начин да донесат позитивна енергија за утрешниот дуел со Реал.

Ова е начин на кој Гвардиола сака да ја спаси сезоната особено што елиминација во Лигата на шампионите ќе биде тежок удар откако сега Арсенал има девет бодови предност во однос на Манчестер Сити во Премиер лигата.

Back to top button
Close