Нов бран ирански напади врз американско-израелски цели во регионот
Командантот на Воздушно-вселенските сили на Иранската револуционерна гарда, Сардар Мусави најави „нова фаза на ефикасни и силни напади во регионот врз американско-ционистичкиот непријател“.
– ’Рбетот на ароганцијата ќе биде скршен на улиците и плоштадите, посочи Мусави.
Иранската револуционерна гарда претходно објави дека денеска спроведува интензивен бран напади врз американските и израелските позиции низ целиот регион, користејќи ракети и беспилотни летала.
Во меѓувреме, израелска армија соопшти дека пресретнала ракети лансирани од Иран.






