Речиси двојно е зголемена вредноста на имотот на српскиот премиер, Ѓуро Мацут

Речиси двојно е зголемена вредноста на имотот на српскиот премиер, Ѓуро Мацут по влегувањето во политиката, и сега изнесува околу 2,5 милиони евра, објави денеска Мрежата за истражување на криминалот и корупцијата (КРИК).
Вредноста на имотот на Мацуто ја процени агенција за недвижности ангажирана од КРИК.
Мацут поседува вила во белградската општина Звездара вредна околу еден милион евра, како и уште четири стана во Белград, гаража и автомобил во вредност од 100.000 евра.
Најскапиот стан, воедно и најголемиот, вреди нешто повеќе од 500.000 евра, според проценката на агенцијата за недвижности.
Премиерот на Србија има и вредни лични работи – автомобил BMW X5, како и пиштолот Валтер, трофејно оружје на Министерството за внатрешни работи, кое го наследил од својот татко, според документите што ги собраа од КРИК.
Неговиот профил во базата на податоци содржи и информации за кривичната пријава што е поднесена против него и неколку негови колеги во 2019 година, кога бил раководител на одделот на Клиниката за ендокринологија. Поради смртта на пациентка, пријава поднел нејзиниот сопруг, кој тврди дека лекарите не ја зеле писмената согласност од пациентката за ризичната интервенција, иако биле обврзани со закон. Случајот стигнал до Уставниот суд, кој не одлучувал за ова барање повеќе од пет години.
Во 2010 година е поднесена кривична пријава и против сопругата на Мацут, Јелица Бјекиќ, под сомнение за фалсификување документи, но таа пријава е отфрлена. Сопругата на премиерот е исто така ендокринолог и, освен во КБЦ Бежанијска Коса, таа е ангажирана и во приватна клиника во сопственост на Милица Ѓурѓиќ, партнерка на претседателката на Собранието Ана Брнабиќ.
Новиот премиер не сакаше да им одговори на новинарите на КРИК од каде ги добил парите за вилата на Звездара, што ја купил непосредно пред да ја преземе функцијата и како го познава Томислав Богетиќ, поранешниот директор на јавното комунално претпријатие „Београд пут“, од кого ја купил вилата.






