Тепачка во битолско средно училиште, родителите пријавија два случаи


Тепачка во битолско средно училиште, родителите пријавија два случаи – соопшти СВР Битола.

На 16.03.2026 во 15:00 часот во СВР Битола, М.В.(40) од Битола пријави дека во средно училиште во Битола, нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од негов соученик.

Исто така, на 16.03.2026 во 21:15 часот во СВР Битола, Ј.Ј.(56) од Битола пријави дека во средно училиште во Битола, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од негов соученик.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Back to top button
Close