Ќе се урива куќа изградена без дозвола во Трпејца: Kривична за инвеститорката


СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т. (50) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело Бесправно градење.

Како што информира полицијата, таа, во својство на инвеститор, на катастарска парцела во охридското село Трпејца, изградила индивидуална семејна куќа без правосилно одобрение за градење издадено од надлежниот сектор за урбанизам при Општина Охрид.

Врз основа на констатираната состојба, донесено е решение за отстранување на градбата.

Back to top button
Close