Штрајк го парализира патничкиот сообраќај на аеродромот „Бранденбург“ во Берлин
Патничкиот сообраќај на меѓународниот аеродром „Бранденбург“ во Берлин денеска ќе биде речиси целосно во прекин поради штрајкот свикан од синдикатите во врска тековниот спор во врска со платите на вработените.

Со штрајкот, кој почна во шест часот изутринава, ќе бидат засегнати приближно 445 лета со речиси 57 илјади патници. Неколку лета веќе се откажани, а на патниците им се препорачува да стапат во контакт со своите авиокомпании за информации за алтернативни патувања и пререзервации.
„Верди“, еден од најголемите синдикати во Европа, е во преговори со компанијата ФББ, која стопанисува со аеродромот „Берлин-Бранденбург“, барајќи шестпроцентно зголемување на платите или најмалку 250 евра за речиси две илјади вработени. Во согласносрт со последниот колективен договор со важност од 12 месеци, синдикатот уште бара и дополнителен слободен ден за работниците.
Во текот на втората рунда преговори од минатата недела претставниците на работодавачот изнеле почетна понуда што за синдикатите не била доволна.
Директорката на ФББ, Алетa фон Масенбах, го оцени штрајкот како непропорционален, особено што е свикан во „веќе многу напната ситуација поради војната во Иран“. Таа изрази уверување дека договор ќе биде постигнат на следната рунда преговори закажана за 25 овој месец






