Цените на нафтата пораснаа на 112 долари за барел

Цените на нафтата пораснаа на 112 долари за барел, откако иранските медиуми известија за воздушен напад врз постројка на најголемото светско наоѓалиште на природен гас.

Референтната цена на суровата нафта од типот Brent crude достигна 112 долари за барел во раните утрински часови во Азија, што претставува пораст од повеќе од 5 проценти во однос на цените од вторникот, пренесува BBC.

Наглиот раст следуваше по извештаите дека бил погоден ирански петрохемиски комплекс на гасното поле Јужен Парс.

Неколку часа подоцна, Катар соопшти дека на индустриската локација Рас Лафан е предизвикана значителна штета, по заканите кои доаѓале од Иран.

И покрај наглиот раст на цените на нафтата и гасот, тие сè уште се под нивото на максимумот забележан претходно за време на конфликтот. Како што наведува Би-Би-Си, цената на нафтата достигнала 116,78 долари за барел на 9 март.

Иранското Министерство за нафта соопшти дека пожарот во петрохемискиот комплекс е ставен под контрола, пренесе новинската агенција Tasnim, која е поврзана со Корпусот на исламската револуционерна гарда.

Back to top button
Close