(Видео) Мечка и две малечки се бањаат во Радика, уживаат во раната пролет

Несекојдневна глетка е забележана по течението на една од најубавите македонски реки, Радика – мајка мечка и нејзините две мечиња се бањаат во реката, очигледно уживајќи во првите пролетни денови.
„Поглед што ретко се забележува, мечка и мечиња фатени на камера покрај Радика“, пишува во објавата на фејсбук-страницата „River Radika“, од каде наведуваат дека снимката е на Един Исмаили.
Извор: slobodenpecat.mk






