Просечната нето-плата во јануари изнесувала 46 617 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 46 617 денари, што претставува раст од 8,3 отсто во споредба со истиот месец претходната година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Ваквото зголемување, според Статистика, се должи на зголемувањето на месечната исплатена нето-плата по вработен во три сектори. Кај административни и помошни услужни дејности растот е за 12,9 отсто, во трговија на големо и на мало, како поправка на моторни возила и мотоцикли за 11,1 отсто и преработувачка индустрија за 10,5 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано исто така во три сектори. Во транспортот и складирањето за 7,4 отсто, во градежништвото за 5,3 отсто и во финансиските дејности и дејностите на осигурување за 3,8 отсто.

Според ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 70 066 денари.

Back to top button
Close