Жена која го обвини Бил Козби дека ја дрогирал и силувал во 1972 година доби оштета од судот од 59,3 милиони долари

Судот во Калифорнија му наложи на некогаш познатиот американски глумец Бил Козби да плати 59, 3 милиони долари отштета за дрогирање и сексуален напад врз жена пред повеќе од пет десетлетија. Судот, прво на тужителката Дона Мотсингер ѝ додели 17,5 милиони долари за мината ментална болка и 1,75 милиони долари за идно страдање во нивната првична пресуда во понеделник наутро. Подоцна во текот на денот, тие додадоа уште 40 милиони долари казнена отштета откако утврдија дека Козби дејствувал со „злоба, угнетување или измама“.

Дона Мотсингер изјави дека Козби возел до нејзината куќа во 1972 година, за да ја одведе на неговата претстава; и во таа прилика, глумецот ѝ дал вино и апче (со „посебна намена“ за искористување вакви (не)прилики), коешто ѝ се измешало со „Аспирин“, по што жената (тогаш 30-годишна) се онесвестила. Во документот, се наведува дека жртвата „се разбудила дома, само во долна облека“ и така сфатила дека Бил Козби ја дрогирал и силувал.

Мотсингер претходно работела како келнерка во ресторанот „Тридент“ во гратче близу Сан Франциско – популарно место за дружење кај познатите личности, меѓу кои и Козби.

Повеќе

Back to top button
Close