Таравари- Алијансата за Албанците јавно прашува: Дали оваа Влада одлучи конечно да го затвори патот кон Европската Унија?

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „не постојат политички услови за уставни измени“, без да се понуди никаков рок или конкретен план кога ќе се создадат овие услови, не само што е нејасна, туку и загрижувачка за европската иднина објави Арбен Таравари на социјалните мрежи.
Алијансата за Албанците јавно прашува: Дали оваа Влада одлучи конечно да го затвори патот кон Европската Унија?
Затоа што секој ден без уставни промени е ден подалеку од Европа и поблиску до изолација.
Ја повикуваме коалицијата ВЛЕН да се разбуди од својот длабок политички сон и да се соочи со одговорноста што ја презела Нивното ветување за уставни измени во рок од 6 месеци е обврска и политичка одговорност. Денес, нивното молчење и пасивност пред овој неуспех е неприфатливо.
ВАЛЕН треба да врши вистинско влијание врз своите владини партнери и да не ја продолжи улогата на гледачот во процесите кои ја одредуваат иднината на државата
Во ова проблематично време на глобалниот развој, секој чекор назад во интегративните процеси има непоправливи трошоци за нашата држава и нашите граѓани. Немаме луксуз да губиме време, ниту да толерираме недостаток на визија.
Алијансата за Албанците поканува на единство целиот политички и социјален спектар да се одразува и одговорно дејствува за иднината
Европската иднина на нашата земја не е опција, туку стратешка неопходност.

Back to top button
Close