Пронајдени пет мигранти од Египет, уапсен е шверцерот кој е турски државјанин

Полициски службеници од станицата за граничен надзор „Михајлово“ синоќа пресекле канал за шверцување мигранти на регионалниот пат Демир Капија – Неготино.

Инцидентот се случил во 23:30 часот кај местото викано Острово. Според информациите од МВР, полицијата првично забележала дека кај клучката Тремник од патничко возило „шкода камик“ со скопски таблички излегле неколку лица.

Набргу потоа бил лишен од слобода 29-годишниот Б. Е. од Република Турција, кој го управувал возилото.

 

По пребарување на теренот, од МВР велат дека биле пронајдени пет мигранти со потекло од Египет.

Од полицијата велат дека мигрантите се веќе пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Осомничениот шверцер е задржан во полициска станица, а од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close