(ВИДЕО) Ирански ракети го погодија носачот на авиони „Абрахам Линколн“
Иранската армија тврди дека американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ бил успешно погоден од нејзините крстосувачки ракети, објави иранската агенција ИРНА.
Носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ е еден од клучните бродови на американската морнарица и припаѓа на класата „Нимиц“, група од најголемите и најмоќните носачи на авиони во светот. Влезе во употреба во 1989 година и е именуван по 16-тиот претседател на Соединетите Американски Држави.
Тоа е нуклеарен носач, што значи дека може да работи со години без потреба од полнење гориво. Долг е повеќе од 330 метри и може да носи околу 60 авиони и хеликоптери, вклучувајќи борбени авиони, извидувачки авиони и хеликоптери за борба против подморници.Поради својата мобилност и огнева моќ, се смета за еден од главните инструменти на американското воено присуство во светот.
Екипажот на бродот брои повеќе од 5.000 луѓе, вклучувајќи морнари и пилоти, а носачот делува како мобилна воена база способна за операции на долг дострел






