АВМУ реагира на „непристојниот однос на новинарот Невриј Адеми кон министерката за образование и наука, Весна Јаневска“


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) реагираше по повод „непристојниот однос на новинарот Невриј Адеми кон министерката за образование и наука, Весна Јаневска“, истакнувајќи ја потребата новинарите строго да ги почитуваат професионалните стандарди и етичките принципи при извршување на својата работа.

Од Агенцијата посочуваат дека комуникацијата меѓу медиумските работници и носителите на јавни функции мора да биде коректна, достоинствена и заснована на заемна почит, со висок степен на професионализам и одговорност.

– Критичкото известување и поставувањето прашања се суштински дел од новинарската професија, но тие треба да бидат формулирани и презентирани на начин кој не навредува, не дискредитира и не создава непотребни тензии – нагласуваат од АВМУ.

Станува збор за забелешка од новинарот при изјава за медиуми на министерката во Тетово, кога тој ѝ рече дека треба да носи преведувач во Тетово. Таа категорично го одби тоа и инсистираше дека македонскиот е службен јазик

Back to top button
Close