Гаши: Катната гаража кај Собранието готова до крајот на годината, повлечен еден член за Судски совет

Претседателот на Собранието изрази оптимизам дека долгогодишниот проблем со паркирањето околу законодавниот дом ќе биде решен до крајот на 2026 година. Веќе е објавена постапка за партерно уредување на катната гаража.

 

„Процедурата трае 30 дена. Ако сѐ биде во ред, очекуваме во мај да почнат работите на терен, а до крајот на годината објектот да биде во функција“, информираше Гаши.

На кадровски план, тој соопшти дека еден член за Судскиот совет е повлечен бидејќи комисијата констатирала дека не ги исполнува условите, поради што ќе биде распишан нов конкурс. Исто така, на 8 април се очекува пратениците да одлучуваат за новите вицегувернери, додека предлог за нов уставен судија сѐ уште не е пристигнат

Back to top button
Close