Сопругата на „херојот од Палермо“ распали на Фејсбук: Ова не е човечки, не е праведно!

Долгогодишниот фудбалски репрезентативец на Македонија – Александар Трајковски(34), „херојот од Палермо“ кој пред 4 години ја остави Италија без пласман на СП синоќа не доби шанса да настапи во Копенхаген и да го забележи својот 99. настап за репрезентацијата на Македонија.

Селекторот Седлоски сметаше дека не треба да му се даде шанса на Трајковски, па тоа беше мотив сопругата на фудбалерот на Фејсбук да каже што мисли:

 

– Advertisements –

 

 

 

“Вечерва гледав нешто што искрено ме повреди.

Не само како сопруга, туку и како некој што знае колку труд, жртва и живот стои зад вистински професионалец.

Гледав како човек кој со години се даваше безрезервно за тимот, за репрезентацијата – човек кој толку многу придонесе за својата земја, за своите игри, за своето срце – седеше на клупата.

И молчи. Достоинствено!

Но, не можам да молчам.

Затоа што ова е погрешно.

Ова не е човечко.

Ова не е правда.

Во време кога квалитетот, искуството и лојалноста треба да бидат мерка за сè, гледаме како оние што го носеа товарот и одговорноста со години се повлекуваат.

И најтешкото од сè – беше како да стана нормално.

Не е нормално.

И не смее да биде.

Не барам привилегии.

Не барам ништо што не е заслужено.

Но барам почит за трудот, за трудот, за годините што не можат да се вратат.

Затоа што кога ќе престанеме да ги цениме вистинските вредности, кога ќе заборавиме кој градел и дал – тогаш не го губиме само играчот.

Го губиме угледот.

Го губиме значењето

И тоа е она што најмногу боли.

Човекот кој даде толку многу на репрезентацијата – вечерва не доби шанса да го направи својот 99-ти настап.

Сè се чита меѓу редови.

Добра ноќ…“

 

Back to top button
Close