Советот не ѝ даде нов мандат на обвинителката која го води предметот против полицајците за Кочани – друг обвинител допрва ќе го проучува
Советот на јавни обвинители не ѝ го продолжи мандатот во Обвинителството за гонење на организиран криминал на обвинителката Ивана Алексова Трајчева, која го води предметот против полицајците обвинети за трагедијата во Кочани, пренесе СП.

„За“ гласаа само двајца членови на Советот, а републичкиот јавен обвинител Ненад Савески беше против.
На ниту еден од обвинителите од ОЈОГОКК кои бараа продолжување на мандатите, мандатот не им беше продолжен, со образложение дека сите обвинители треба да добијат шанса. Па така за пет места беа избрани четворица обвинители – тројца од скопско обвинителство и една од ОЈОГОКК Енѓелуше Кадриу Леши, од немнозинските заедници. Во „организиран“ одат обвинителите што ги водат предметите „Онкологија“ Ана Гоговска Јакимовска и убиството на Вања, Ана Стојковиќ Димитровска.
…






