Мицкоски: Таравари тагува по Ѓока бизнисот кој не му успеа, односите со него беа вовлекувачки

Арбен Таравари вчера во телевизиско гостување го обвини премиерот Христијан Мицкоски за свесно слабеење на албанскиот политички фактор, а Влен ги нарече декор во владата без реален импакт.

Според Мицкоски ова се неосновани тврдења и политички маневри. Тој посочи дека Таравари тагувал по Ѓока, бизнисот којшто не му успеа, и во јавноста измислувал работи коишто немаат апсолутно никаква врска со реалноста.

-Инаку јас многу пати сум ги коментирал односите во Владата и односите со нашиот партнер ВЛЕН, и можам да кажам дека се исклучително принципиелни за разлика од односите коишто ги имавме со господинот Таравари, којшто беа исклучително вовлекувачки од негова страна. Така што претпоставувам тој принцип на вовлекување којшто го применувал кон мене сега го применува кон нивниот нов коалициски партнер, а тоа е Демократската унија за интеграција. Тогаш во комуникацијата со мене жестоко ги критикуваше, сега претпоставувам во комуникацијата за да се вовлече што повеќе кај Али Ахмети ме критикува мене“, изјави Мицкоски.

Back to top button
Close