Кривична пријава за правно и физичко лице од Струмица, го оштетиле државниот буџет за скоро 50.000 евра

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против правно лице во стечај и против 48-годишно физичко лице од Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Според информациите, пријавените, меѓу кои и управителот со неограничено овластување, со намера да избегнат плаќање на Данок на додадена вредност (ДДВ), постапиле спротивно на законските прописи. Во даночната пријава за 2025 година не пријавиле излезен ДДВ по општа стапка во износ од 2.792.438 денари, како и излезен ДДВ по повластена стапка од 5 проценти во износ од 91.325 денари.

Дополнително, во текот на годината не пресметале ДДВ за одредени фактурирани приходи. За приход од 101.716 денари не бил пресметан ДДВ од 13.308 денари по општа стапка, додека за приход од 97.552 денари не бил пресметан ДДВ од 4.873 денари по повластена стапка.

Со ваквите дејствија, пријавените се стекнале со противправна имотна корист и предизвикале штета на државниот буџет во вкупен износ од 2.909.944 денари. Надлежните институции преземаат понатамошни мерки за расчистување на случајот

Back to top button
Close