Димитриевски за пратеникот Цеков: Не направив партија за да исклучуваме членови


Осврнувајќи се на различните ставови на пратеникот од ЗНАМ Миле Цеков, партискиот лидер Максим Димитриевски изјави дека партијата останува отворена за внатрепартиска дебата и различни мислења, но, како што вели, со јасна граница за почитување на програмските определби и довербата на гласачите.

-Не направив партија за да исклучуваме членови, туку да привлекуваме и да го градиме демократскиот капацитет. Дебати може да има, сè додека не се злоупотреби довербата на граѓаните – изјави Димитриевски, испраќајќи порака дека различните ставови се дозволени, но не и отстапување од основните принципи.

Тој рече дека пратениците пред сè мандатот го добиваат од граѓаните, а потоа и од политичката партија, поради што секое евентуално отстапување од програмата мора да биде објаснето пред јавноста.

-Не можете никого да држите со сила. Кој сака може да си оди – нагласи претседателот на ЗНАМ, потенцирајќи дека политичката одговорност е лична, а довербата на гласачите клучна.

Инаку, Цеков неодамна изјави дека „лично нема ништо против“ и би гласал за евентуално внесувањето на Бугарите во Уставот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close