Вистинска пролет од понеделник – температурите ќе скокнат над 20 степени


Македонија се подготвува за голем метеоролошки пресврт. Почнувајќи од понеделник, 6 април, територијата на нашата земја ќе биде под силно влијание на стабилна и сува воздушна маса која доаѓа директно од југ. Според прогнозата на познатиот метеоролог Славчо Попоски, не очекува недела исполнета со многу сонце и температури кои конечно ќе ги потсетат граѓаните на вистинска пролет.

Заборавете на јакните – следната седмица носи стабилност без капка дожд на повидок.

„Дневните температури на повеќе места ќе надминат 20°C, а во најтоплите централни и југоисточни делови ќе се искачат и до околу 25°C. Ова затоплување е резултат на топлата воздушна маса која носи вистински пролетни вредности“, најавува Попоски

Back to top button
Close