Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

Украина ќе добие нов пакет воена помош од Шпанија во вредност од 437 милиони евра, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски по синиќешната средба со шпанскиот премиер Педро Санчез во Мадрид.

Зеленски истакна дека Шпанија постојано ѝ помага и ја поддржува Украина во текот на војната, додавајќи дека со Санчез разговарал за содржината на новиот пакет помош и за најитните потреби на украинската одбрана.

 

„Со шпанскиот премиер Педро Санчез опширно разговаравме за руските напади. Русија секојдневно убива наши луѓе, а Украинците знаат колку е болна секоја загуба на човечки живот. Минатиот месец, страшната железничка несреќа во Толедо, Шпанија, однесе десетици животи. Му изразив сочувство на премиерот и на сите што ги загубија своите роднини и пријатели“, рече Зеленски.

Back to top button
Close