Голем пожар во зграда во Берлин, 17 повредени, станарите евакуирани

Седумнаесет лица се повредени во голем пожар што избувна рано утрово во седумкатна зграда во населбата Нојкелн во Берлин, соопшти противпожарната служба, објави Шпигел.

Пожарот избувнал на приземјето од зградата, а станот каде што избувнал веќе бил целосно зафатен од пламен кога пристигнале службите за итни случаи. Вкупно 27 лица биле спасени.

Шеснаесет лица биле полесно повредени и им била пружена медицинска помош на местото на настанот, додека едно лице било однесено во болница со сериозни повреди.

Пожарот сега е изгаснат, но сите жители на зградата се евакуирани.

На местото на настанот биле околу стотина лица од службите за итни случаи, а во еден момент бил прогласен за „инцидент со масовни жртви“.

Back to top button
Close