Трамп објави видео од смртоносен напад врз Техеран: Убивме многу ирански воени лидери

– Американскиот претседател Доналд Трамп објави видео на својата социјална мрежа Truth Social за кое тврди дека прикажува „масовен напад во Техеран“.

Тој додаде дека во нападот се убиени „многу ирански воени лидери кои биле лошо и неодговорно водени“.

Тврдењата на Трамп доаѓаат во време на интензивни напади врз ирански воени и политички цели, во кои веќе се убиени високи функционери, вклучувајќи го и врвот на воениот и безбедносниот апарат.

Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран дополнително ескалира, при што двете страни даваат спротивставени тврдења за обемот на штетата и бројот на смртни случаи во последните напади.

Back to top button
Close