Трамп: Вторник, 20:00 часот по источно време

Претседателот на САД, Доналд Трамп, дополнително го разјасни рокот што му го даде на Иран за повторно отворање на Ормутскиот теснец, велејќи дека тој ќе истече во вторник во 20:00 часот по источно американско време, што е 2 часот наутро по наше време.
„Вторник, 20:00 часот источно време!“ напиша Трамп во нова објава на социјалните мрежи.
Тој претходно се закани дека ако Иран не отвори клучен морски пат дотогаш, САД ќе ја таргетираат критичната инфраструктура во таа земја.
Трамп дополнително ја засили реториката, велејќи дека вторник може да биде „ден на електрани и мостови“, алудирајќи на можни напади врз енергетската и транспортната инфраструктура.
Ова е најновата во низата закани што американскиот претседател ги упатува до Техеран откако САД и Израел започнаа напади врз Иран, по што Техеран практично го затвори Ормутскиот теснец.
И покрај острата реторика, Трамп во исто време наговести дека сè уште може да се постигне договор.






